Балкан
16. April 2017 - 10:22

Курдски милитанти извршија напад пред денешниот референдум во Турција

Курдски екстремисти убија припадник на обезбедување, а друг ранија во напад врз возило во кој бил официјален претставник на владејачката Партија на правдата и развојот од дистриктот Мурадија, на југоисток во Турција.

Нападот се случува пред денешниот референдум за уставни промени со кои се бара да се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Нападот го извршиле милитантни припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во текот на ноќта во провинцијата Ван. Граѓаните на Турција денеска се изјаснуваат на референдум за уставните промени.