Македонија
7. September 2018 - 16:06

Курц: Сметаме дека би било многу позитивно доколку има голема излезност и позитивен исход од референдумот

Европската Унија нема да биде комплетна без Македонија, порача од Скопје австријскиот канцелар Себастијан Курц.  Тој го поздрави компромисот постигнат во Преспа и  ги повика граганите да излезат на рефрендум и да гласаат позитивно .

- Тоа е одлука на секој поединец и навистина  не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот, изјави Курц.

Премиерот Заев ги поздрави заложбите на Австрија како земја пресетдавач на ЕУ во отварање на европските перспективи за Македонија.  Запрашан што ќе се случи доколу договорот не помине во грчкиот парламент,  тој  изрази надеж дека тој ке биде ратификуван.

Курц на прес конференцијата рече дека истата порака за рефеерндумот ја упатува и до опозицијата.

По средбата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицковски од партијата соопштија дека членството во ЕУ и НАТО преставува стратешки интерес , но и  дека за ВМРО ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција

Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија, истакнал Мицковски на средбата

Инаку посетата на Курц беше одбележана со гафот на службите за протокол коиго згрешија знамето на земјата од која дојде канцеларот, со латвиското. поради ова владата упати извинување до Република Австрија.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, се вели во соопштението од владината прес-служба