Свет
5. January 2020 - 8:36

Курц предлага средба во Виена на високо ниво меѓу САД и Иран

Претседателот на Австриската народна партија и веројатен иден канцелар на државата, предложи во Виена да се одржи средба на високо ниво меѓу Иран и САД за намалување на тензиите во односите меѓу Вашингтон и Техеран.

– Виена е подготвена да биде место за спроведување можни преговори ако Иран и САД побараат одново да водат дијалог, нагласи Курц во интервју за Билд ам зонтаг.

Тој додаде дека во австрискиот главен град многупати се воделе преговоири за иранската нуклеарна програма.

– Убиството на генералот Сулејмани беше реакција на акциите на Иран и однесувањето пред нападот. Непрекинато се извршуваа напади врз американски дипломати и институции, нагласи Курц. Според него, дипломатијата е единствен можен пат за решавање на несогласувањата.