Свет
13. March 2016 - 18:54

Курц предлага да се затвори и италијанската рута за мигрантите

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави денеска дека би требало да се затвори и мигрантската рута која минува преку Италија кон Централна Европа.

За германскиот весник „Билд ам зонтаг“, Курц рече дека „криумчарењето мигранти не може во целост да се спречи“ и дополни дека поради тоа треба се она што се прави на западнобалканската рута, да се направи и долж италијанско-медитеранската рута.

Шефот на австриската дипломатија оцени дека минало времето кога бегалците биле пропуштани во Централна Европа, без разлика по кој пат дошле.