Курц од недела во повеќедневна турнеја по западен Балкан
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц в недела ја почнува повеќедневната турнеја по земјите од западен Балкан, во текот на која треба да ја потенцира намерата на Виена и натаму да се ангажира за овој регион, посебно во поглед на членството во ЕУ.
Австрија сака западен Балкан да го види во ЕУ и овој став министерот Курц ќе го потврди на турнејата по сите шест држави од западен Балкан, јави агенцијата АПА.
Прва станица од неговата посета ќе биде Сараево, па Белград, во понеделник и вторник, а потоа патува за Подгорица, Тирана, Приштина и Скопје.
Во Белград и Скопје една од поважните теми ќе биде бегалската криза.
Во пресрет на посетата Курц истакна дека таа е „јасен сигнал за продолжување на ангажманот за западен Балкан“. - Австрија со државите од регионот е тесно поврзана преку луѓето, културата, економијата и историјата, нагласи Курц во изјава за АПА.
- Приближувањето на овие земји до ЕУ води кон поголема стабилност и благосостојба, создава поголемо владеење на правото и обезбедува работни и во Австрија, истакна тој.
Ново на Сител
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец