Курц: Ќе се смени удобната позиција на Грција
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц оцени синоќа дека поради одлуката на другите држави да го ограничат прифаќањето бегалци, ќе се смени и позицијата на Грција, за која рече дека досега била многу удобна.
Во дневникот на австриската државна телевизија ОРФ, по завршувањето на еднонеделната балканска турнеја, Курц рече дека европската политика кон бегалци мора да се откаже од неограничено прифаќање и наместо тоа да се заложи за пружање повеќе помош на самото место.
- Грција во моментов е во многу удобна ситуација, бидејќи речиси ниту еден бегалец не се задржува во таа земја подогло од 24 часа. Ако таа ситуација се смени, Атина одеднаш би била подготвена да ја прифати понудата од ЕУ, убеден е Курц.
Што се однесува на бегалците кои бегаат преку море, тој вели дека најдобро решение би било кога спасувањето не би било врзано со понатамошен транспорт во централна Европа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација