Свет
17. September 2018 - 12:14

Курц и Макрон: ЕУ да направи се Велика Британија да не си оди без договор

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави денеска дека партнерите на Велика Британија во Европската унија би требало да направат се што е во нивна моќ да се избегне „тврди „Брегзит“ во кој Лондон би го напуштил европскиот блок без постигнат договор.

- Мислам дека се согласуваме дека треба да направиме се што е можно за да се избегне „тврд Брегзит“, изјави Курц за новинари во Париз по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон.

-  Неопходно е да се постигне договор и правилата на ЕУ да бидат целосно задржани, рече Макрон.