Курц: Австрија ќе ги блокира натамошните преговори на Турција за приклучување во ЕУ
Австрија ќе го блокира продолжувањето на преговорите со Турција за нејзино приклучување кон ЕУ, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, истакнувајќи ги прекршувањата на човековите права во оваа земја, пренесе ДПА.
Министрите за надворешни работи од земјите на ЕУ се очекува во вторник во Брисел да одлучат како ќе дејствуават за ова прашање, а одлуката треба да се донесе едногласно.
-Европската Унија треба да ги прекине преговорите со Турција за членство во ЕУ, рече Курц за австриската агенција АПА.
„Луѓето со различно мислење се под закана, опозициските политичари се приведувани, се планира воведување смртна казна. Имаме потреба од јасна реакција од страна на Европската Унија“, соопшти Курц.
Тој додаде дека за својата позиција имал тесна координација со Бугарија и Холандија.
ЕУ не треба да стравува дека замрзнувањето на преговорите ќе значи и крај на спогодбата за мигрантите со Турција, посочи Курц.
-Доколку на Турција и дозволиме да прави се што ќе посака заради спогодбата за бегалците, ќе станеме опасно зависни од Турција, додаде австрискиот шеф на дипломатијата.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори