Македонија
11. August 2019 - 17:24

Купишта градежен шут и отпад на дното од Охридското езеро

На дното на Охридското Езеро лежат големи количини цврст отпад. Почнувајќи од лименки ,шишиња, градежен шут па се до делови од покуќнина ,бојлери, кошеви од игралишта можат да се најдат во водите на езерото.Од Нуркачкиот клуб Акватек велат дека потребна е поголема еколошка свест кај граѓаните  и апелирааат да се заштити природниот бисер.

Отпадот нуркачите најчесто го наоѓаат на фреквентните локаци на плажите каде има најмногу посетители.Тие сметаат дека потребни се поголеми казни за  загадувачите кои остануваат глуви на сите апели за заштита на охридското езеро и животната околина.

И покрај честите акции за чистење на дното на езерото од страна на нуркачите сепак несовесните граѓани  секојдневно го загадуваат. Инаку заштитата на природното богатсво охридското езеро беше токму една од препораките на Унеско за Охрид да не се најде на листата на загрозено светско наследство.