Купиле друштвена игра за два долари, пронашле шест дијамантски прстени вредни 18.000 долари
Млад пар од Австралија пронашол шест дијамантски прстени во кутија друштвена игра која ја купиле за два долари.
Крис (27) и неговата девојка Менди кои се преселиле од Сиднеј во Торонто на почетокот од оваа година, пред да одат на семеен одмор купиле збирка загатки под името "Mind Trap".
"Бидејќи бевме со родителите помислив да купам друштвени игри. Отидов во продавница каде што се продаваат производи од втора употреба и земав неколку друштвени игри", открил Крис.
"Мојата мајка ја зема играта и се обиде да извади чартичка но сфати дека нема картички во кутијата. Многу брзо извади дијамантски прстен, а потоа уште еден, па уште еден, па уште еден...".
Во кутијата биле скриени шест дијамантски прстени во вкупна вредност од 18.000 долари.
Крис вели дека останал шокиран. "Само се гледавме и се прашувавме дали е ова реално".
Крис и Менди не успеале да го најдат оригиналниот сопственик на играта па одлучиле прстените да ги дадат на проценка. Сфатиле дека нивната инвестиција од 2 долари се исплатела повеќе од тоа што требало.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот