Живот
18. April 2016 - 19:11

Купете си цел остров по цена од само една куќа!

Се поголем број на луѓе хаосот, трката со времето, гужвата во сообраќајот и секојдневниот стрес го заменуваат со живот далеку од цивилизацијата. Такво место е островот Хуон.
 
Островот се наоѓа во Австралија на само 10 минути од брегот на Тасманија а неговата цена е 188.000 евра. Купувачот треба да има во предвид дека земјата ќе ја дели со уште три други семејства.
 
- Тука ќе се чуствувате мирно и спокојно. Овој остров и мирниот начин на живот не е за сите луѓе, но поголем дел со сигурност ќе ужива - рекол Сајмон Пурдон од агенцијата Реј Вајт во Јужна Тасманија.
 
Огласот е обајвен на страната на агенцијата за недвижности Реј Вајт во Австралија.