Фудбал
15. January 2016 - 8:49

Куп Шпанија: Комплетирано осминафиналето

Екипите на Атлетико Мадрид и Валенсија се последните два тима кои обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија.
 
На синоќа одиграните реванш натпревари од осминафиналето, Валенсија и по втор пат ја победи Гранада, сега со 3:0 на гостински терен, откако на првиот меч славеше со 4:0, со што само го потврди својот пласман меѓу осумте најдоброи во „Копа дел Реј’’.
 
А, таму место обезбеди и Атлетико Мадрид кој го доби реванш дуелот против градскиот ривал Гетафе со 3:0 откако на првата средба на „Винсенте Калдерон’’ заврши нерешено 1:1.
 
Пласман во четвртфиналето претходно обезбедија: Севиља, Мирандес, Атлетик Билбао, Селта Виго, Лас Палмас и Барселона.