Фудбал
3. November 2015 - 13:25

Куп: Шкендија - Вардар во четвртфиналето

Денеска во просториите на ФФМ беше изврешна ждрепката за четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Двата најголеми фавоити за освојување на пехарот и воедно две водечки екипи во Првата лига Вардар и Шкендија ќе играат меѓусебе. Оваа сезона во четвртфиналето, а лани тоа беше во осминафиналето.

 

Двојки за четвртфинале: 
Работнички - Силекс
Младост Царев Двор - Брегалница
Македонија ЃП - Хоризонт Турново
Шкендија - Вардар.
 
Првите натпревари ќе се играат на 25.ноември, а реваншите се закажани за 2.декември. Почетокот на дуелите е во 13 часот.