-->
-->
Куп: Полуфинале за К.Соколи и Фени И.
-->
Во кавадарци се игра завршницата на националниот кошаркарски Лимак куп. Пласман во полуфиналето досега обезбедија екипите на Карпош Соколи и домаќинот Фени Индустри.
СЛИКА КОШАРКА Потпис: Лимак куп : К.Соколи прв полуфиналист
Кошаркарите на Карпош Соколи во ¼ финалето славеа со 92-84 против екипата на Вардар во натпревар во кој фаворитот имаше убедливо водство од 19 поени разлика но дозволи противникот да се доближи на само 4 поени 86-82. Сепак на крајот предводени од расположениот Трајковски кој постигна 20 поени дојдоа до пласман во полуфиналето каде ќе играат против победникот од дуелот Работнички – Куманово кој е во тек. Многу поубедливи беа домашните кошаркари на Фени Индустри кои убедливо го поразија Охрид со 112-69. Уште на крајот на првиот дел Фени направи предност од 20-тина поени која само ја зголемуваше до крајот на средбата. Кавадарчани во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот МЗТ СКопје – Кожув кој се игра вечерва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите