Фудбал
17. October 2017 - 10:20

Куп на Македонија: Тетекс и Кожув денеска, останати играат уре

 
 
Екипите на Тетекс и Кожув реванш натпреварот од осминафиналето од фудбслакиот Купот на Македонија ќе сго играат денеска, додека сите останати возвратни дуели на програмата се утре (среда). 
 
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите за претстојните дуели во националниот куп, по кои ќе бидат познати седум од осумте четвртфиналисти. 
 
Дербито меѓу Шкендија и Работнички ќе го суди Марјан Гоцевски од струмица, а негови асистенти ќе бидат Горан Манасиев и Петар Новачев од Велес. 
 
Двојки за реванш осминафиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија: 
 
Вторник 
Тетекс - Кожуф (2-2 прв натпревар)
Среда 
Победа - Брегалница (3-2), 
Шкендија - Работнички (1-1), 
Еуромилк ГЛ - Скопје (0-3), 
Борец – Пелистер (2-4), 
Академија Пандев – Силекс (0-1) и 
Струга Трим Лум – Ренова (3-2)
 
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 14 часот и 30 минути. 
 
Поради настап на македонскиот шампион Вардар во УЕФА Лига Европа, првиот меч против Шкупи на гостински терен вардарци ќе го одиграат на 29 октомври (13 часот).