Фудбал
10. April 2019 - 17:54

Куп на Македонија: Финале Македонија ЃП- А.Пандев

Екипите на Македонија ЃП и Академија Пандев ќе играат во финалето на националниот фудбалски куп по победите во денешните реванш дуели од полуфиналето.
Во Ѓорче Петров, „лавовите“ славеа минимално со 1-0 против Беласица со автоголот на Џонов и со вкупно две идентични победи патуваат во финалето.
По првиот триумф од 3-1, идентична победа за Академија Пандев на гостувањето кај Победа во Кавадарци. Домашните први го отворија резултатот преку Каланоски но следуваше серија на Струмичани со головите на Стоилов од пенал, Велинов од слободен удар и Стојкоски за конечни 1-3.