Фудбал
2. February 2017 - 14:31

Куп на Африка: Пеналите го однесоа Египет во финалето

Египет е првиот финалист на Африканскиот куп, откако во полуфиналето ја елиминира Буркина Фасо по изведувањето на пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1:1, а во пенал серијата Египет победи со 4:3.
Ел Хадари 44-годишниот голман на Египет ја одведе својата репрезентација во финалето на Африканскиот куп, откако успеа да ги одбрани пеналите на противничкиот голман Кофи и Траоре во последните две серии.
 
Инаку Буркина Фасо по првите три серии имаше предност бидејќи Кофи му го одбрани пеналот на Саид во првата серија.
 
Мечот во 120 минуит заврши 1:1, а головите беа постигнати во регуларниот дел, најпвин Салах во 66.минута постигна брилијантен гол за Египет, а седум минути подцна израмни Банце.
 
Во второто полуфинале ќе играат Камерун и Гана.
https://