Кошарка
19. February 2016 - 18:58

Куп: Карпош Соколи во полуфиналето

Екипата на Карпош Соколи со победата од 91-54 против Струмица во второто четвртфинале од кошаркарскиот Куп успеа да избори пласман во полуфиналето. 

Прв полуфиналист стана МЗТ Скопје со победата од 89:58 над Бест од Гевгелија.
Во овие моменти се игра третиот период од четвртфиналето број 3 меѓу бранителот на трофејот Работнички и Куманово.
Во последниот натпревар денеска во Гевгелија ќе играат Кожув и Фени Индустри.
Утре се играат полуфиналните дуели: МЗТ Скопје со победникот од дуелот Кожув - Фени, а Карпош Соколи ќе игра со подобриот од дуелот Работнички - Куманово.
Утре се играат и женските полуфинални дуели: Бадел - Клупски и Лотос - Студент.
Во недела се финалните натпревари.