Фудбал
5. October 2018 - 18:03

Куп: Извлечени четвртфиналните двојки

Попладнево во ФФМ беа извлечени двојките за четвтфиналето на македонскиот фудбалски куп.  Единствениот второлигаш во завршницата , ФК Кораб ќе му гостува на тимот на Академија Пандев.
Дури пет екипи досегашни освојувачи на националниот куп се најдоа во завршницата.  Бранителот на трофејот Шкендија  за противник ја доби прилепска Победа , противник од кој беше непријатно изненаден во домашното првенство и тоа во Тетово. 
Во вториот дуел силите ќе ги одмерат  Силекс и Беласица  со тоа што првата средба ќе се одигра во Кратово.  
Академија  Пандев, екипа која има големи амбиции како и минатата сезона кога стигна до полуфиналето го доби најлесниот противни  екипата на Кораб од Дебар која пријатно изненади во досегашниот дел од ова натпреварување. 
Во скопската пресметка  силите ќе ги одмерат Македонија Ѓорче Петров и Работнички екипи кои  неодамна ги одмерија силите во домашното првенство а поуспешни беа лавовите. 
Првите дуели се на 7. Ноември додека реваншот е на 5 декември.