Фудбал
13. December 2017 - 10:12

Куп: Интер на пенали елиминира третолигаш

Лидерот во италијанското калчо, Интер мораше да изведе пенал серија за да се пласира во четвртфиналето на купот.
Мечот против третолигашот Порденоне заврши без голови по 120 минути игра па се шутираше серија од белата точка по што Џулио Пароди промаши за Порденоне а Јуто Нагатомо биеше прецизно за победа од 5-4 за домашниот тим.
Во следната фаза неро-аѕурите ќе играат против победникот од дуелот Милан-Верона.