Фудбал
8. May 2019 - 12:16

Куп: Финалето на 22. мај

Финалето од Купот на Македонија меѓу МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. и Академија ПАНДЕВ ќе се одигра на 22. мај на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 18:30 часот.

Македонија Ѓ.П. по третпат ќе игра за титулата во Купот на Македонија. Академија Пандевќе дебитира во финален натпревар. Тимот од скопската населба Ѓорче Петров го освои трофејот во сезоната 2005/06 кога беше совладана Шкендија со 3:2. Три години подоцна Македонија ЃП загуби од Работнички со 2:0, а по една деценија ќе има нова шанса за освојување на пехарот од Купот на Македонија. Академија Пандев минатата сезона по изведување на пенали загуби од Пелистер во полуфиналето.