Кошарка
14. April 2019 - 11:13

Куп: Денеска финале Работнички-Блокотехна (17.30)

Работнички ќе се бори за титулата во Купот на Македонија откако во драматичното полу-финале, по две продолженија го победи МЗТ со 93:89.

Екипата од Градски парк имаше можност да го реши мечот во регуларниот тек, но не успеаја да ја сочуваат највисоката предност од 17 поени. Во финишот Караџовски погоди две од трите слободни фрлања, на три секунди до крајот Бојиќ го израмни резултатот.

Во првото продолжение Работнички испушти предност од четири поени, но Иванов и Бојиќ обезбедија нови пет минути за МЗТ. Во второто продолженија работнички не дозволија да ја испуштат стекнатата предност.

Костов со 19 поени го предводеше Работнички, два поени помалку постигнаа Стајиќ и Јанески. Кај МЗТ се истакна Бојиќ со 21 поен.

За титулата Работнички ќе се бори со Блокотехна. Финалето е утре од 17.30 часот.