Loading Video...
Фудбал
21. May 2019 - 19:49

КУП: Да се заврши сезоната со трофеј

Утре со почеток во 18.30ч на Националната арена „Тоше Проески“ се игра финалето на националниот фудбалски куп.
За големиот пехар на ФФМ ќе се борат екипите на Македонија ЃП и А.Пандев.
На денешната прес конференција  тренерите на обете екипи Александар Таневски и Југослав Тренчовски изјави респект кон противникот и посакаа трофеј на крајот од сезоната.
-Го посакуваме трофејот, затоа што и за двете страни ќе биде добра шанса да освои трофеј. Како деца од Ѓорче, дојде нашето време да го вратиме пехарот во нашите витрини. Околу притисокот, моите фудбалери се спремни на се. Докажаа наназад во првенството, дека се работи за квалитетен тим. Ги добивме сите важни натпревари што ни беа потребни. Искуството е на наша страна, имаме играчи со четири до пет финалиња. Мислам дека на вакви натпревари се заборава притисокот и заморот.- смета стратегот на „лавовите“ Таневски.
- Сатсифакција ни е третото место, но уште поголем успех ќе биде пехар во Купот на Македонија. Ќе дадеме се од себе, подготвени сме за натпреварот и се надевам дека ќе победи фудбалот и дека ќе дадеме добар и квалитетен натпревар. Далеку од тоа дека не чувствуваме некој притисок. Струмица е фудбалски град, многу фудбалери поминале низ неа. Ова е прво, исторско финале за Струмица, што ние сме посебно горди. Потајно имаме притисок, затоа што сакаме заедно да ја однесеме првата Куп-титула во Струмица.- изјави на пресот тренерот на струмичани Југослав Тренчовски.
За Македонија ЃП ова е трето финале  и битка за втор куп трофеј додека фудбалерите на А.Пандев за првпат играат финале на купот.