Свет
12. јуни 2020 - 9:00

Куомо: Њујорк да го зачува споменикот на Колумбо

Њујорк треба да го чува споменикот на Кристофер Колумбо, и покрај неговата улога во насилната колонизација на домородците, изјави гувернерот Ендрју Куомо.

– Ги разбирам чувствата за Кристофер Колумбо и некои негови дела што никој не би ги поддржувал. Но, статуата претставува и означува почитување на италијанско-американскиот придонес за Њујорк, рече Куомо, кој е потомок на италијански мигранти.

Антирасистички немири по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициска акција ја обновија кампањата за отстранување споменици на Конфедерацијата и други симболи од колонијалната ера, јавуваат американските медиуми.

Споменици на Колумбо беа уништени на неколку локации во САД во изминатите денови.