Македонија
1. March 2016 - 22:37

Куна го остави Скопје без струја!

Куна вечерва околу 20:30 часот влегла низ отворот на вентилација во киловолтната трафостаница Козле и предизвикала куса врска. Тоа предизвикало пад на системот за електирчна енергија па без електрично напојување остнале дел од населбите Тафталиџе, делови од Жданец и Козле, одредени корисници од населбата Капиштец како и корисниците на Водно. Од ЕВН Македонија информират дека нивните екипи веднаш излегле на терен и интервенирале во системот, по што дел од корисниците веднаш добиле електрична енергија.

Екипите сеуште интензивно работат и по многу кратко време се очекува состојбата комплетно да се нормлизира.