Балкан
5. November 2018 - 17:51

Кумуцакос: Се согласува ли грчката Влада со предлогот на Заев за уставни промени

 Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, смета дека предлогот на македонската Влада за уставни амандмани го прави “уште полош и онака лошиот Договор од Преспа” и паралелно бара од грчката Влада да излезе со став дали се согласува или не со предлогот на Заев.

-Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за постоење на наводна “македонска нација“. Иако владата го тврди спротивното треба веднаш да ја разјасни нејзината позиција. Се согласува или не со содржината на предлогот на Заев, вели Јоргос Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.