Македонија
15. May 2018 - 20:35

Кумуцакос: Промена на Уставот пред ратификација на договорот

 Уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени во пракса пред ратификацијата на договорот, вели Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија.

- Непрекршлив предуслов и основна гаранција за конечно решение на прашањето за името на Скопје е промена на нивниот Устав. Промена, што нема само да се предвиди, туку ќе биде применета во пракса пред ратификација на кој било договор, вели Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.с