Македонија
26. August 2020 - 13:05

Кумановското обвинителство поведе постапка за дилер на дрога​, определен притвор од 30 дена

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23 годишен кумановец осомничен дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот од јануари до август 2020 година, соопштија денеска од ЈО на Република Северна Македонија, неовластено заради продажба држел марихуана, спакувана во најлонски пакувања.

– При три одделни настани, при претрес, кај осомниченот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама, појаснуваат од ЈО.

Обвинителството до Основен суд Куманово поднело предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донел решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.