Бизнис
8. November 2018 - 13:16

Кумановските стечајци бараат материјално обесштетување

Вкупно 780 невработени лица од Куманово поднеле барање до Центарот за вработување за остварување право на материјално обезбедување поради приватизација на компаниите со доминантна сопственост на државата.

Според Центарот, стечјаците од кумановските фирми кои беа со доминантна сопственост на државата и по донесувањето на новините поднесуваат барање за материјално обесштетување.

-На 31 октомври годинава во Службен весник е објавен Законот за материјално обезбедување невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата. Приемот на барањата на невработените што ги исполнуваат условите е во тек . Рокот завршува на 31 декември, информира раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитриевска.

Во рок од 15 дена, Централниот регистар треба да го достави списокот на фирми со доминантна сопственост на држвата, по што Центарот за вработување ќе почне со решавање на поднесените барања.
Претходно, членовите на здружението на стечајци „Унит“ ги поздравија новините во овој Закон, со кои се опфаќаат дополнителни 1.600 стечајци на ниво на државата. Надлежните од ова здружение побараа да се обесштетат и оние стечајци кои доаѓаат од фирми со променет матичен број.