-->
-->
Кумановските пожарникари вчера интервенирале на пет пожари, горела сува трева
-->
Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на пет пожари во околината на градот, во рурални средини каде претежно горела сува трева, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според соопштението, првиот пожар е евидентиран во село Зубовце каде горела сува трева. Речиси во истиот период, запалена сува трева имало и во Табановце. Еден час подоцна горело и во Доброшане во месноста Студена вода.
Пожарникарите интервенирале и во село Облавце во Општина Старо Нагоричане. Последната интервенција била за запалено дрво од електрична жица во попладневните часови. Вчера и денеска во Куманово има силен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата