Македонија
15. December 2016 - 17:40

Кумановските гимназијалци прво место на државниот противпожарен квиз натпревар

 Учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ освоија прво место на 32. државен противпожарен квиз натпревар во Неготино.

Нивниот ментор, наставникот Драган Илиевски истакна дека е повеќе од задоволен од успесите на неговите ученици.

- Учениците доста добро се покажаа, учеа напорно за  пожари во урбана средина и шумски пожари. Материјалот беше обемен, но учениците покажаа максимум. Се подготвуваа за сите натпревари, беа  концентрирани и на крајот успеавме да бидеме први, изјави Илиевски.

Учениците Моника Спасовска, Никола Спасовски и Теодора Додевска го освоија првото место. Се надеваат дека и идната година ќе го повторат резултатот.

Часлав Јовановиќ, од општинскиот противпожарен сојуз, објасни дека на натпреварот учествувале првопласираните екипи од седум региони од Македонија. Идната година, домаќин на државниот протвипожарен квиз натпревар е годинешниот победник, односно кумановската гимназија.