Македонија
15. December 2015 - 11:41

Кумановскиот театар доби нова тонска опрема

Нова тонска опрема, миксета, засилувач, звучници, микрофони, држачи за микрофони пристигна во Кумановскиот театар. Опремата ја доделува Министерството за култура на повеќе театри во државава, вклучително и на Кумановскиот.

- Оваа опрема за нас има исклучителна важност бидејќи придонесува за подобрување на квалитетот на претставите во кои се користи, изјави денеска Симона Тоскиќ, продуцент во Кумановскиот театар.

На почетокот од тековната година театарот доби светлосна опрема од Министерството за култура. Станува збор за тригодишен проект на Министерството кое вклучува набавка на сценска, тонска и светлосна опрема за театрите низ државата.