Кумановскиот градоначалник Димитриевски на средба со директорот на регионот Венето, Италија
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски оствари работна средба со директорот на регионот Венето, Италија Фабио Газаби на која разговарале за можности за понатамошна соработка, информираа денеска од одделението за односи со јавност од општина Куманово.
Димитриевски ја претставил индустриската зона „Новине и Речица“, а со директорот на овој регион од Италија размениле искуства и разговарале за можности за идна соработка меѓу регионите.
– Како дел од проучувањето на односите помеѓу регионот Венето (Италија) и локалните заедници на Република Северна Македонија, градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на работен состанок со Фабио Газабини, директор на регионот Венето (Италија). На средбата градоначалникот преку презентација ја претстави индустриската зона „Новине и Речица“, а се разговараше и за можност за потенцијални странски инвестиции. Од друга страна беше илустриран потенцијалот на Венето компаниите кои се наоѓаат во економски најразвиениот регион во Италија. Двете страни разменија искуства и идеи на економски план, со можност за понатамошна соработка, информираа од одделението за односи со јавност.
Владата кон крајот на минатата година одвои средства за инфраструктурно уредување на зоната која се наоѓа во близина на автопатот Табановце -Куманово и зафаќа површина од 60-тина хектари. Кон крајот на мај годинава, беше избрана приватна компанија која ќе ја изгради атмосферска канализација и примарните улици во индустриската зона во Речица.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та