-->
-->
Кумановски основни и средни училишта се вклучија во акцијата „Македонија без отпад“
-->
Ученици од кумановските основни и средни училишта денеска собираа отпад во училишните дворови, со што се вклучија во акцијата „Македонија без отпад“ која ја спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.
Во Гимназијата „Гоце Делчев“ дворот го чистеа 80 ученици кои се дел од еколошките тимови. Од училиштето велат дека традиционално се вклучуваат во оваа акција, која е многу корисна во подигање на еко свеста на учениците.
- Акцијата се спроведуваше од 9 до 11 часот, се ангажиравме околу расчистување на дворот на училиштето и подигање на еколошката свест кај учениците. Ние и на класните часови одвојуваме време за да ја подигнеме еко свеста кај учениците. Секоја година се вклучуваме во оваа акција, како и во одбележување на Денот на пролетта, садиме садници, рече Соња Тодоровска, помошник директор во „Гоце Делчев“.
Во основното училиште „Кочо Рацин“ три дена по ред се собира и селектира смет, а во акцијата се вклучени ученици, наставници, родители и соседи кои живеат кај училиштето.
- Посебен акцент беше ставен на последниот ден од работната недела кога учениците по голем одмор го собираа и селектираа отпадот направен после ужина во пластични кеси, со цел да осознаат колку количински се создава отпад само за еден голем одмор, вели Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во „Кочо Рацин“.
Во основното училиште „11 Октомври“ покрај собирање отпадоци, имаше и едукативно предавање.
Во Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ дваесетина ученици ја средуваа тревата и собираа хартија и ќеси од училишниот двор.
Оваа година општина Куманово во акцијата се вклучува со чистење на речните корита на Кумановка, Којнарка и Липковка за да се избегнат поплави во наредниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација