-->
-->
Кумановски комуналец доби донација комбинирано возило за потребите на општината и на центарот за мигранти
-->
УНДП денеска донираше комбинирано возило кое ќе го користи ЈП „Чистота и Зеленило“ при сервисирање на услугите и за граѓаните на општина Куманово и за транзитниот центар за мигранти во Табановце.
Благодарност за донацијата изрази градоначалникот, Зоран Дамјановски и подвлече дека тоа чини 20.000 американски долари,а ќе биде од голема корист за претпријатието.
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон меѓу другото изјави дека возилото е дел од поддршката за напорите на Куманово да се справи со бегалско-мигрантската криза.
Таа посочи дека Куманово и Гевгелија последните месеци понесоа голем товар од бегалската и мигрантската криза и им се заблагодари на граѓаните за покажувањето на великодушност кон оваа прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите