Македонија
23. February 2019 - 16:16

Кумановската група со закана за освета кон Груевски, Мијалков и Ахмети

Кумановската група им  се закани на Груевски, Мијалков И Ахмети  дека ќе ги следат до крајот на светот за им се одмаздат. Во писмото кое го објави весникот „Лајм“ групата им порача ќе им врати за убиството на нивните другари кои учествувале во Диво Насеље.

Имаме листа со имиња на 13 лица. Али Ахмети на оваа листа е со 3 други лица од ДУИ. Тој знае кои се тие луѓе. Другите се од ВМРО. Ако сакаат правда, нашата работа мора да се разјасни. Ниту еден полицаец досега не одговарал иако не убиваа и нѐ малтретираа.

Во реакцијата велат во Куманово не дошле поради пари  туку поради реализација на националната цел и затоа што не бил применуван Охридскиот договор. Се предале бидејќи им било ветена заштита од  ОБСЕ, но наместо тоа се случило предавство. 

-Ако не убиеа во престрелките, никому ништо, бидејќи ние имавме оружје и тие имаа оружје. Но, егзекуцијата со предавство не ја простуваме.

За инцидентот во Шутка велат дека бил испровоциран од Ристовски и Јанакиески но доколку ги сретнат, повторно ќе ги претепаат.

Следниот пат кога ќе ни паднат в’раце, ќе ги претепаме и без да не провоцираат. Тие беа на власт кога ние бевме убивани и малтретирани. Не забораваме.

На заканите одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој членовите на групата ги нарече кукавици  и слуги на Заев.

-Како можам да го коментиран тоа освен да кажам дека е уште еден обид јавноста да се дефокусира од овие недела кои ги прави криминалната власт. Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев, при тоа гледајќи дека со неколку потези може да измени закони. Претпоставувам бараат милост од Заев што е можно побрзо да излезат од таму. Грозоморно и монструозно е да се коментираат едни такви изјави од луѓе што се соочуваат со затворска казна како резултат за она што го сторија во Диво Насеље. Кукавици по фејсбук се закануваат по луѓе, политичари и граѓани, а при тоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што е можно помала казна. Ако сториле нешто, има да одговараат за тоа .

Инаку  по инцидентите во затворот Шутка се уште се води истрага а директорот најави дека ке си поднесе оставка на барање на премиерот. По жалбите на одбраната, судот донесе решение Миле Јанакиески да замине во куќен притвор, додека Спиро Ристовски останува и натаму во Шутка. Претходно од судот најавија дека ќе биде побарано притворените да бидат пренесени во друг затвор поради инцидентот. Екс министрите беа нападнати од обвинети во случајот диво насеље.