Кошарка
12. April 2018 - 12:32

Куманово му го нанесе првиот пораз на Работнички

 

 

Екипата на Куманово му го нанесе првиот пораз на Работнички сезонава, откако го совлада со 83:82 во драматичен натпревар од третото коло од Суперлигата.

 
Иако кумановци лошо го отворија натпреварот и веќе во втората четвртина имаа негатива од 16 поени, сепак полека успеваа да ја намалуваат разликата и во последниот период имаа водството од 74:71 на половина од четвртината. Потоа Работнички ја презеде иницијативата, но тоа не беше доволно за 25-та победа во низа.
 
Кај Куманово со 27 поени најефикасен беше Марјан Јанески, а  Димитар Мираковски за Работнички  постигна  20 поени.
 
Во истото коло претходно вечерва, МЗТ Скопје го совлада Гостивар со 95:74, а Блокотехна оствари победа над АВ Охрид од 80:105