Македонија
11. April 2018 - 14:53

Куманово ќе набавува нова урбана опрема

Општина Куманово ќе набави нова урбана опрема, за што од буџетот се предвидени да се одвојат околу 20.000 евра, информираше на последната седница на советот, градоначалникот, Максим Димитриевски. Планирано е да се набават клупи, канти, и табли за информирање кои ќе бидат поставени во поширокото централно градско подрачје.

Димитриевски потврдува дека недостасува урбана опрема, но потенцираше дека постоечката ја уништуваат несовесни граѓани, потсетувајќи на фактот дека во изминатиот период во неколку наврати беше уништена урбана опрема и сообраќајни знаци на повеќе локации во градот.

- Првенствено ќе се даде акцент на веќе постојаните зелени површини, не само градскиот кеј, зелените паркови кои ги имаме, но и формирање нови зелени катчиња во градот и ќе се обидеме заедно да го анимираме невладиниот сектор во делот на поддршка за одредени проекти за озеленување нови зелени површини. Секаде каде што е можно во согласност со урбанистичкиот план сме подготвени како општина да реагираме и да создаваме нови зелени површини во сите делови на градот, рече Димитриевски.

Тој апелираше до граѓаните да го пријават уништувањето на опремата до надлежните инспекциски служби и нагласи дека очекува поддршка и од позорникарите од Куманово.

Дел од опремата ќе биде поставена и во населбите од градот