Кошарка
25. December 2015 - 13:14

Куманово ја пречекува Струмица

 Во вториот натпревар од 12. коло на Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Куманово ќе биде домаќин на Струмица.
 
Средбата ќе се игра вечерва со почеток од 19 часот, а Куманово ќе ја има улогата на фаворит. Домашната екипа во досегашниот дел од првенството забележа 6 победи, а 5 пати беше поразена. За разлика од нив гостите од Струмица досега се радуваа само на 3 од 10-те одиграни натпревари.
 
Инаку, веќе се одигра еден меч од оваа рунда и тоа во средата кога Кожув очекувано го победи гевгелискиот „ривал“ Бест со 82-69.
 
За утре во Кавадарци со почеток од 19 часот закажан е натпреварот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи.
 
Последниот натпревар од ова коло, а воопшто и последен во мак-баскетот за 2015 година, ќе биде големото градско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, а ќе се игра во салата „Градски Парк’’ во среда (30 декември) со почеток од 16 часот. 
 
Табела:  
Карпош Соколи 9-2 (победи-порази),   
МЗТ Скопје 9-1, 
Кожув 6-6,  
Куманово 6-5,  
Фени Индустри 6-4,  
Работнички 5-6,  
Струмица 3-7 и  
Бест 0-12