Кошарка
21. October 2015 - 13:36

Куманово и МЗТ Скопје Аеродром за комплетирање на второто коло

 
 Со натпреварот меѓу Куманово и МЗТ Скопје Аеродром што се игра вечерва (почеток 20 часот) во Куманово ќе биде комплетирано 2.коло од Првата кошаркарска лига. Ова воедно е реприза на ланското финале од плеј офот.
 
Кумановчани ќе се обидат да го поправат слабиот старт и поразот во 1.коло од Фени Индустри во Кавадарци, додека првакот МЗТ Скопје ќе се обиде да ја продолжи победничката серија – три триумфи во серија (два АБА лига и еден во Првата лига).
 
Притоа победата е важна за самодовербата што ја бара тренерот Алеш Пипан во пресрет на неделниот натпревар со Цибона.
 
Другите дуели од ова коло се одиграа во саботата:
 
Работнички – Бест 84:46, 
Кожув – Фени Индустри 46:61, 
Струмица – Карпош Соколи 55:79.
 
Табела: Карпош Соколи 2-0 (победи-порази), Фени Индустри 2-0, МЗТ Скопје Аеродром 1-0, Работнички 1-1, Кожув 1-1, Куманово 0-1, Струмица 0-2, Бест 0-2.