Куманово го одбележува Денот на независноста 8-ми Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми Септември денеска делегации на општина Куманово, Сојузот на борците, припадници на АРМ и МВР, како и претставници на политички партии и граѓански организации положија цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.
Општина Куманово со културни и спортски манифестации одбележува 26 години од независноста на државата, меѓу нив и денешното чествување на Спомен Костурницата.
Пред присутните делегации се обрати претседателот на советот на општина Куманово, Александар Арсиќ. Во свечениот говор, тој се осврна на историските моменти на илинденците, асномците, укажувајќи дека 8 септември 1991 година е македонскиот трет Илинден.
- Овој историски датум, 8 септември кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумското „да“, за оставрување на вековниот сон, независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности. Празникот е ваше дело, од вас остварено на мирен и демократски начин, во ваше референдумско изјаснување за слободна, суверена и самостојна Република Македонија, рече Арсиќ.
Истакна дека наша заедничка цел е посветено да се грижиме за нашата сегашност и иднина, да ја градиме татковината како стабилна, безбедна, демократска и развиена европска и евроатлантска држава. Посочи дека народот има долга и богата историја, дека има демократска свест и одговорност.
- Со сите сили ќе продолжиме да работиме на зачувување на државноста на Македонија, на територијалниот интегритет и суверенитет како и на можноста да се вклучиме во трендот на европските интеграции и еконсомкиот просперитет, рече Арсиќ. Тој повика на обединување за Македонија.
Ново на Сител
-

Расположението во Русија се врти против Путин
-

Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
