Loading Video...
Кошарка
28. October 2021 - 18:27

Куманово домаќин на Хапоел Галил во меч од БИБЛ лигата

 
Екипата на Куманово вечерва (19 часот)го игра својот втор натпревар од во БИБЛ лигата.
 
Пред својата публика кумановци кои во првата рунда го загубија македонското дерби со Академија ФМП, сега ќе имаат тешка задача во дуелот против фаворизираниот изреалски претставник Хапоел Галил Елион тим кој пред два дена во Скопје го надигра ФМП.
 
Потсетување дека вчеравечер во Скопје, во меч од Б групата екипата на ТФТ беше поразена од бугарскиот тим  Академик Пловдив со 75–83.
 
Следниот меч тимот од скопската населба тафталиџе ќе го игра на 4 ноември во Израел против Ирони Нахарија.