Кошарка
15. November 2016 - 17:16

Куманово домаќин на бугарскиот тим Берое во кошаркарската БИБЛ лига

 Екипата на Куманово вечерва пред својата ќе го игра четвртиот натпревар во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ). 
 
Кумановци во рамките од А групата ја пречекуваат бугарската екипа Берое од Стара Загора. 
 
Ова е дуел на прво и второ пласираните екипи на табелата, на кој двата тима имаат по три победи, но бугарскиот тим има бод повеќе бидејќи одигра четири средби од кои едната ја загуби. 
 
Дуелот, Куманово – Берое ќе започна од 19 часот, а половина час порано стартува и средбата од игртата група во која Теодо е домаќин на Башкими. 
 
Утре на програмата се натпреварите од Б групата, во која ќе се игра и македонското дерби. Во Кавадарци од 19 часот ќе започне дуелот меѓу Фени Индустри и Карпош Соколи. 
 
Во вториот меч ќе играат Трепча и Сутјеска. 
 
Б група - табела: Сутјеска 3-0 (победи-порази), Фени Индустри 2-2, Тирана 1-3, Трепча 1-2, Карпош Соколи 1-2 и Пеќ 1-0.