Македонија
14. July 2018 - 14:35

Куманово доби Центар за упатување на жртви од сексуално насилство

Во просториите на кумановската болница денеска беше отворен Центар за жртви од сексулано насилство. Центарот е резултат на мултисекторската соработка на министерствата за здравство, труд и социјална политика, внатрешни работи, а се реализира со поддшшка на УНДП и УНФПА и организацијата Хера.

По потпишувањето на Истанбулската конвенција,  во Македонија ќе се отворат центри во Тетово и Скопје, за што УНДП и УНФПА одвоија 400.000 долари.

Жртвите на сексуалното насилство во центарот, ќе добијат, здравствена, правна, психолошка помош, ќе бидат сослушани од полицијата, обвинителството.

Во Македонија претходно немаше ваков центар, посочи, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и потсети дека во минатото жртвите талкале по канцелариите, постојано раскажувајќи ја приказната, чуствувајќи се понижено,  понекогаш и виновно за чинот кој им се случил.  Таа истакна дека елиминирањето на насилството врз жените е прироитет за ОН како дел од родовата еднаквост, потстесувајќи дека Владата ја ратификувала конвенцијата која е правна рамка за брорба против насилството врз жените.

- Во Македонија мал е бројот на жени кои се решаваат да го пријават сексуалното насилство направено врз нив. Националните статистики за ваквите дела се ниски во државата, но тоа не знали дека тоа не се случува туку дека многу мал број жени се решаваат да ги пријават, рече Винтон.

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека Центарот ќе понуди соодветен треман на жртвите од сексуално и родово насилство, што се базира на претходно ратификуваната конвенција.

- Во периодот кој што следи ќе бидат отворени уште два вакви центри ширум републиката, согласно бројноста на населението, истакна Филипче.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, информираше дека во подготовка е оперативниот план кој за пет години ќе ја подготви Македонија да понуди заштита и превенција од сите форми на насилство врз девојките и жените.

- Продолжуваме понатаму сите региони во државата  да го добијат тој минимум пакет на услуги со кој секоја девојка, секоја жена треба да се чуствува безбедно во својот регион, своето место на живеење, рече Царовска.

Министерот за вантрешни работи, Оливер Спасовски, изрази задоволство што токму во Куманово за прв пат се отвара ваков центар. кој ќе понуди заштита и помош на жртвите, дека ќе јакне свеста кај граѓаните и ќе се применат европски вредности во државата.

- Се надевам дека ќе имаме сериозен успех, ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните да соработуваат, да ги пријавуваат ваквите настани. МВР е и ќе биде понатаму еден од партнерите кои сериозно ќе помогне во оваа борба на заштита на жртвите на сексуално насилство, нагласи Спасовски.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изрази благодарност до чинителите за успешното имплементирање на проектот со кој ќе им се понуди соодветна гржа на жртвите од општината и регионот.