Македонија
4. February 2020 - 16:25

Кумановка пријави во полиција: Роднина ја силувал нејзината малолетна ќерка цела година

Вчера во СВР Куманово, 40-годишна жена од Куманово пријавила дека од почетокот на 2019 година до почетокот на 2020 година, нивен роднина од село од општина Липково во повеќе наврати извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.