Loading Video...
Спорт плус
26. March 2018 - 10:49

Кумановецот Стефановски светски првак во К-1

Македонскиот борец во К-1 Суперкомбат Даниел Стефановски ја освои титулата светски првак откако во финалето со нокаут го совлада Романецот Аделин Михаила и тоа на негов терен во Букурешт.
Борбата заврши со фуриозен напад на Стефановски кој упати серија удари и Романецот падна како покосен по само 1м и 41 секунда.
Стефановски кој е родум од Куманово во Букурешт настапи како претставник на Швајцарија каде двапати ја освои титулата државен првак а исто така е и актуелен европски шампион.