-->
-->
Кумановец загина на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка
-->
Д.С. (26) од Куманово го загуби животот во сообраќајна незгода што се случи вчера на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во близина на место викано „Чешмиче“.
Како што соопшти МВР, незгодата се случила околу 06:40 часот откако Д.С. кој управувал „Опел Корса“, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото, излетал од патот, удрил во сообраќаен знак и се превртел. Во тој момент испаднал од возилото и починал на самото место.
Увид изврши екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето