Кумановец уплатил над 46.000 евра аванс за набавка на машина на лажна банкарска сметка во Италија
Кумановец (33) уплатил аванс од над 46.000 евра за набавка на машина на лажна банкарска сметка на фирма од Италија, соопшти кумановската полиција.
Оттаму информираат дека кумановецот го пријавил случајот во полицијата на 15-ти ноември.
Тој, на 9 ноември уплатил 30 проценти аванс за автоматска машина за кроење, односно износ од 46.638 евра на фирма од Италија.
Истиот ден во добиениот мејл од италијанската фирма, проследен со потпишан купопродажен договор биле добиени лажни податоци за плаќање во странство. Името на фирмата-примач била точна, но информациите за банкарски детали и банката на примач биле лажни.
По извршениот телефонски разговор со лице претставник на фирмата, оштетениот добил информации дека банкарски информации се неточни, а парите што се уплатени не се добиени на нивната сметка.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК