Македонија
19. March 2019 - 10:24

Кумановец удрил во мопед и паркирано возило, тешко повреден мотоциклистот

Вчера во 11.10 часот на крстосница од улиците „11-ти Ноември“ и „Васил Главинов“ во Куманово, патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(65) од село Липково, удрилo во мопед „Кавасаки“ со белгиски национални ознаки, управуван од А.А.(26) од село Челопек, кумановско и паркирано патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ф.М.(32) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А. на кој му била укажана помош во болницата во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.