Македонија
4. July 2016 - 11:39

Кумановец пронајден мртов во шахта

Во шахта за водомер во сопствениот двор, вчера околу 14:15 часот починат бил пронајден Б.Ц.(81) од Куманово.
 
Полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а при извршениот преглед над телото на починатиот не биле пронајдени траги на насилство.
 
Телото на починатиот ќе биде предадено во институтот за судска медицина за обдукција.